fbpx

Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил: Нова трагедија во Кочани

Тажна вест

Во Кочани уште еден живот прерано згасна.

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски.

Станува збор за долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани.

Како што пишува порталот „Метропола“, Гоцевски починал ноќва откако по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица отишол дома да одмори и никогаш повеќе не се разбудил.

Следни Објави

Само што му се роди син, загина во Кочани: За сопругата на Тоше Богданов нема утеха

На седми март стана татко, а во саботата загина во Кочани славејќи го раѓањето на синот. Тоше Богданов е еден од загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“. Синоќа на социјалните мрежи се огласи неговата сопруга Деспина. Нејзината трогателна посвета ви ја пренесуваме во целост. „Кога се изборивме со […]