1. Никој ништо не му може.
2 . Брат, не се секирај, ќе средиме.
3. Кажи дека си мој човек.
4. Треба само да подмачкаш и се е средено.
5. Знаеш ли кој сум јас?
6. Ќе те кажам на татко ми!
7. Знаеш ли чиво дете сум јас?
8. Од партија ме праќаат.
9. Само зуцни!
10. Да не си писнал!
11. Шефот така кажа,
12. Пиши му петка!
13. Ќе му се јавам и се е средено
14. Еден телефон да свртам и се ќе биде решено
15. Не се секирај кај мои луѓе те праќам
16. Имаш врски?
17. Ми треба човек да завршиме една работа
18. Сметај дека работата е завршена
19. Не се плаши бе, ја гарантирам
20. Таму се се мои луѓе
21. Ич не се секриај, ја стојам зад тебе
22. Ќе се јавам и ќе потпише
23. Ќе му е.. мајката само нека пријави
24. Ало началниче
25. Нема проблем за тебе
26. Мора да помине скроз одличен
27. Ти ги познавав родителите
28. Наши сме си
29. Чив си?
30. Сметај дека е завршена работава
31. Ќе треба да частиш, ти ја завршив работата
32. Го држам во рака
33. Ќе ти пратам едно мое дете
34. Затоа што јас така кажав
35. Имам снимки од него, мора да прави како што ќе му кажам
36. Ќе правиш како што јас ќе ти кажам
37. Ако не ти чини оди си
38. Брат, се за тебе
39. Поткуплив е
40. Јас сум Закон
41. А за мене процент?
42. Ќе платам детето да ми го вработите
43. Мора да му се сите петки
44. Гледај утре полага нека не го малтретира многу
45. Колку кошта ќе платам
46. Пари не се проблем
47. Може преку ред да не бутне
48. Два шамари и готов е
49. Има да те нема
50. Ќе положиш само појави се
51. Подобро да молчам
52. Не го лути тој од кој што зависиш
53. Де бе па ти се нешто ти смета
54. Тури потпис и не прашувај
55. Ќе те барам мој човек да му завршиш работа
56. Ќе му викнеме брат да го заплашат малу
57. Ми се може
58. Ќе биде како што јас кажав
59. Немој јас да пропеам
Фејсбук-статус на Александра Танурова Тасевска
* Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“