Придружниот вокал на „ДНК“, Ана Костадиновска, заедно со фронтменот Владимир Блажев-Панчо и младиот гитарист и пејач Горан Тонев се единствените преживеани членови на групата.
Според последните информации Костадиновска е на домашно лекување.
Пред два дена таа првпат се огласи на социјалните мрежи простувајќи се од колегите кои ги загуби во пожарот. Истиот ден таа ја промени и профилната фотографија.
„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа… ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден“, напиша таа под сликата со Сара Пројковска.
Костадиновска денеска повторно објави нивна заедничка фотографија под која напиша стих од еден од хит-рефрените на „ДНК“ (..јас и ти ко едно тело..), алудирајќи на нивната исклучителна поврзаност.
* Забрането копирање