fbpx

Андреј од „ДНК“ му се јавил два дена пред кобната ноќ: За Трајковски утеха нема

Хармоникашот Мишел Трајковски се огласи на социјалните мрежи.

Популарниот музичар ја објави својата, како што самиот ја нарече, најтешкa и најдолга фејсбук-објава.

„Шести ден.. стани сабајле, напиши нешто.. предомисли се, прикачи слика, натажи се.. па фрли телефонот во некој ќош.. и така во круг цела недела. Два дена пред тој кобен ден, ете го на телефон.. Насмеан, позитивен, во негов стил со полна енергија ме викна да се видиме за настанот на кој требаше заедно да настапиме сега во април“, пишува Трајковски.

„Отсекогаш се прашував, како е можно таков артист како него, и после 20 и кусур години на сцена да е толку возбуден и неизмерно среќен пред секој настап, да и се радува на секоја нова песна како да е прва. Но затоа беа, и ќе останат на врвот уште долго. Беше еден од ретките со кого можев да анализирам композиции од репертоарот на Шабан Бајрамовиќ, па до Пако де Лусиа, од Ричард Галиано па се до Бени Гудман и Џанго Рајнхард. Особено ја обожаваше хармониката и уживаше во секоја отсвирена нота. Почивај во мир.. А свирката ќе ја оставиме за некоја наредна прилика..“, пишува тој.

Следни Објави

Што крие тефтерот на сопственикот на дискотеката на смртта во Кочани

Вечерашното издание на емисијата „Код“ е посветено на трагедијата во Кочани која, како што стои во најавата, настана како резултат на корупција и неодговорност која со децении царува во државава. Управителот Александар Карадакоски кој сега е на лекување во Литванија всушност бил шанкер, а вистински сопственик на дискотеката „Пулс“ бил […]