fbpx

„Ја погребав мама, а сега и тебе сестро“: Болат зборовите на Марија од Кочани

Младата Марија Тасева која го преживеа пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се прости од својата сестра Лепа која, за жал, загина во трагедијата.

Тасева сподели емотивна посвета која ја расплака јавноста.

„Не требаше вака, сестричке, сега почнуваа твоите најубави години. Се вратив во дискотеката да те најдам, но не ме пуштија внатре, не можев да те спасам. Да ми дозволеа, можеби ќе те спасев или ќе изгоревме заедно, ама важно ќе бевме заедно“, напиша Марија.

„Да знаев дека последен пат те гледам, ќе те прегрнев и заедно ќе горевме. Оваа болка е неподнослива. Ја погребав мама, а сега и тебе сестро. Каква судбина имам со овие 19 години? Секогаш ќе ми бидеш во срцето, сестричке, нема да те прежалам.. Остани горе со мама, те сакам најмногу“, напиша таа.

Инаку, нивната мајка, Танкица Младеновска (46), на 25-ти септември 2023 година беше свирепо убиена со 42 убоди од нож пред нејзиниот дом.

Усеин Рашидов (59) беше осуден на доживотен затвор, но додека течеа жалбените постапки тој се самоуби во притворската ќелија. 

* Забрането копирање

Следни Објави

Ана го преживеа пожарот во Кочани, а сега им се обрати на најмилите (ФОТО)

Ана Костадиновска, придружниот вокал на „ДНК“ и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. По смртта на повеќето нејзини колеги за неа нема утеха. Костадиновска вчера објави заедничка фотографија со загинатата Сара Пројковска под која напиша стих од […]