Повторно се огласи на социјалните мрежи сопругата на Андреј Ѓорѓиески, популарниот пејач на „ДНК“ кој загина во пожарот во Кочани.
Наталија овојпат ги пренесе трогателните зборови на десетгодишната ќерка.
-Мамо, сакам да бидам дома, зашто јас ти требам тебе.. А. и ти ми требаш мене. (Јана за седум дена порасна како за седум години)-напиша Ѓорѓиеска.
Таа првпат се огласи во јавноста веднаш по трагедијата, како што напиша тогаш, поради нехуманиот однос на медиумите и државните институции.