Вечерашното издание на емисијата „Код“ е посветено на трагедијата во Кочани која, како што стои во најавата, настана како резултат на корупција и неодговорност која со децении царува во државава.
Управителот Александар Карадакоски кој сега е на лекување во Литванија всушност бил шанкер, а вистински сопственик на дискотеката „Пулс“ бил Дејан Јованов-Деко, објави емисијата во своето најново издание.
„Оваа дилема лебдeше во јавноста затоа што таканареченото кабаре Пулс има еден сопственик на хартија, а друг во реалноста. Александар Карадаковски е всушност шанкер во диското кој е повреден и сега е на лекување во Литванија. Тој е сопственик на фирмата ММММ Кафе на која е издадена спорната лиценца за кабарето ПУЛС, а во реалноста е Дејан Јованов-Деки кој се јавуваше во сопственоста на фирмата Класик се до нејзиниот стечај 2023“, објави КОД.
Прашањето е колку чинела лиценцата и на колкумина сопственикот Дејан Јованов Деки им давал поткуп. Тој е сега во притвор, а во Кочани веќе се шпекулира дека со себе го земал и тефтерот во кој ги впишувал сите имиња и суми кои ги давал во изминатите години, е наведено во најавата.