fbpx

Ана го преживеа пожарот во Кочани, а сега им се обрати на најмилите (ФОТО)

Ана Костадиновска, придружниот вокал на „ДНК“ и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

По смртта на повеќето нејзини колеги за неа нема утеха.

Костадиновска вчера објави заедничка фотографија со загинатата Сара Пројковска под која напиша стих од еден од хит-рефрените на „ДНК“ (..јас и ти ко едно тело..), алудирајќи на нивната исклучителна поврзаност.

Денеска таа повторно се огласи на социјалните мрежи.

Овојпат го сподели писмото кое ѝ го испратиле нејзините ученици.

„Вие сте мојата насмевка и сила. Ве сакам, деца мои“, им одговори таа.

Следни Објави

Андреј од „ДНК“ му се јавил два дена пред кобната ноќ: За Трајковски утеха нема

Хармоникашот Мишел Трајковски се огласи на социјалните мрежи. Популарниот музичар ја објави својата, како што самиот ја нарече, најтешкa и најдолга фејсбук-објава. „Шести ден.. стани сабајле, напиши нешто.. предомисли се, прикачи слика, натажи се.. па фрли телефонот во некој ќош.. и така во круг цела недела. Два дена пред тој […]