Почина Предраг Пеѓа Бошњак, пејачот кој се прослави по учеството во регионалното натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Бошњак трагично го загубил животот по пад од мотор, јавуваат српските медиуми.
Трагедијата се случила на обиколницата околу Палиќ околу 16 часот и 35 минути кога, како што е познато засега, Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од патот. Тој со тешки повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица, каде и покрај големите напори на лекарите вечерва починал.

Оваа тажна вест ги потресе неговите пријатели, колеги и бројни обожаватели, кои почнаа да се збогуваат со него на социјалните мрежи. Пораки со сочувство, изрази на тага и неверување ги преплавија неговите профили на Инстаграм и Фејсбук.
„Музичката сцена загуби уште еден талентиран артист“ и „Ќе го паметиме по препознатливиот глас и харизма“ се дел од реакциите.