Никола Перевски Пере, фронтменот на групата „Нокаут“, денеска наполни 47 години.
Нема да слави. Како што вели во неговата објава на социјалните мрежи, не му се пие, не му се пее, не му се брои години.
Неговата трогателна песна ви ја пренесуваме во целост.
Денес ми е роденден.
Се сеќавам.
Не те славам.
Ова не е објава,
туку белег со неколку реда
што ме болат.
Не ми се пие и пее,
не ми се брои
години.
Децата изгореа во песната,
музичарите паднаа на бината.
Како ноти што никогаш
не добиваат рефрен.
Некои си отидоа
пеејки.
Други со рацете на жиците.
Сцената ги прегрна
мајка како што не пушта и
кога знае дека губи.
Денес ми е роденден.
но нема што да посакувам.
Освен да го вратат времето
или барем
да престане да пече.