Една недела по трагедијата
Нема утеха за Наталија Ѓорѓиеска која во пожарот во Кочани го загуби својот сопруг, познатиот пејач на „ДНК“.
Откако ги пренесе трогателните зборови на нивната десетгодишна ќерка Јана, таа сега повторно се огласи на социјалната мрежа „Инстаграм“.
На првото „стори“ објави заедничка фотографија од Андреј и Јана од едно од нивните летувања, а на следното напиша: „Ангелски глас како тато.. Уште поискрен.. Славеј“.
Ѓорѓиеска првпат се огласи во јавноста веднаш по трагедијата, како што напиша тогаш, поради нехуманиот однос на медиумите и државните институции. Таа порача и дека се надева оти за несреќата ќе одговараат вистинските луѓе.
* Забрането копирање