Одби хемотерапија, но една жена го предомисли: Почина холивудскиот заводник

На 65-годишна возраст почина славниот американски актер Вал Килмер, најпознат по филмовите „Топ Ган“, „Дорс“ и „Бетмен засекогаш“.

Причина за смртта е пневмонија, соопшти неговата ќерка Мерцедес Килмер.

Вал Килмер беше една од најбараните холивудски ѕвезди во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Со децении важеше за срцекршач, беше препознатлив по заводничката насмевка.

Долго време се бореше со рак на грло кој му беше дијагностициран во 2015 година. Терапиите оставија видливи траги. Цели две години јавноста не знаеше што се случува со неговото здравје и дали воопшто ќе ја продолжи кариерата.

За болеста призна дури во едно интервју во 2017 година. 

– Почнав да искашлувам крв. Бев сигурен дека умирам – призна тогаш.

Иако верата која му ја пренеле неговите родители не дозволува лекување, тогашната девојка Шер успева да го убеди да почне со хемотерапија откако поради болеста нагло му отекле јазикот и лимфните жлеззди и поради тоа не можел ниту да зборува.

Во интервју кое пред неколку години го даде за Good Morning America преку видео повик, изјави дека се чувствува многу подобро и дека повторно ѝ се враќа на глумата.

Следни Објави

Првото го роди на 53, а последното на 66 години: Александра е жена змеј

На 66 години, со царски рез, Александра го роди десеттото дете. Директорка на берлинскиот музеј „Чекпоинт Чарли“, Александра Хилдебрант, откри дека откако наполнила 53 години родила осум деца, меѓу кои и близнаци. Вели дека отсекогаш сакала да има големо семејство. Таа ги охрабрува луѓето да имаат повеќе деца. Исто така, […]