Прво станав маќеа, па мајка: Искрено со познатата македонска водителка

Во емисијата „Мамавизија“ на „Слободен печат“ гостинка беше познатата македонска водителка Зорица Николовска.

На пошироката јавност ѝ е најпозната по радиоемисијата „Тик Так и Зорка“, а е авторка и на „Дневникот на трудници“ и поткастот „Труднички муабети“.

„Прво станав маќеа, па мајка-мојот посинок посака братче!“, открива Николовска во оваа емисија.

Таа својот сопруг го запознала како разведен, татко на мало дете. Не ѝ пречела таквата релација, па љубовната врска по кратко време прераснала во брак. По извесно време, Иван посакал братче, па и покрај тоа што за Николовска и нејзиниот сопруг тоа било невозможна мисија, му ја исполнила желбата. Таа денеска е биолошка мајка на Мартин и Јана.

„За тоа дека маќеата не е секогаш лоша, како што е прикажана во многу приказни, ни покажува оваа вистинска животна приказна на семејството Николовски“, беше истакнато во најавата за емисијата.

Следни Објави

Македонската пејачка скршена од тага: Изгубив фамилија

На многу македонски изведувачи се’ уште не им е до песна по трагедијата во Кочани. Некои од нив беа и исклучително блиски со Андреј од ДНК и со останатите членови на бендот кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Меѓу нив е и младата пејачка Теа Трајковска. Таа во интервју […]