Мартија Станојковиќ наполни 21 година.
Младата македонска пејачка прво славеше со пријателите, а потоа организираше и семејна забава на која присуствуваше и нејзиното момче.
Со Матеј се подолго време заедно, а на една од последните фотографии кои ги објави на „Инстаграм“ покажа колку е силна нивната љубов.
Мартија јавноста ја запозна уште како дете кога се натпреваруваше во „Пинкови ѕвездички“.
За разлика од многу други учесници во ова регионално шоу, таа продолжи професионално да се занимава со пеење.