Македонскиот пејач, автор и продуцент Раде Врчаковски-Врчак во раните 2000-ти уживаше огромна популарност кај нас.
Тој пред неколку години направи голем камбек на сцената токму со „ДНК“.
По трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загуби Андреј, тој конечно се огласи на социјалните мрежи.
Врчак објави фотографија од неговиот лаптоп и напиша:
„Последната песна со Андреј. Јас до вечерва не можев да слушам музика, не можев ни на „Фејсбук“ да гледам ништо.. Уште не можам, уште закрепнувам, ама пред малку ја пуштив да ја слушнам последната песна со Андреј што ја снимавме неколку дена пред да загине – кога му го слушнав гласот ме врати во живот.
Цела љубов и позитивна енергија на Андреј ми се врати во душата, а цела тага ми се претвори во уште поголема љубов“, напиша тој.