Викторија Јаначковиќ, своевремено една од нашите најпознати манекенки, пред две години направи храбар потег откако одбра да се реализира како мајка по пат на донор од странство.
Таа сега гостуваше во „Мамавизија“ и првпат откри детали за човекот што ѝ помогна да добие дете.
„Има банка за сперма каде што можете да одберете донор од различни земји од светот. Јас одбрав Данец, затоа што тие се генетски најздравата нација во светот. Одлучив да одам по овој пат во странство затоа што во Македонија не можеш физички да го видиш како изгледа донорот.
Човекот што ми помогна да добијам дете го одбрав затоа што имаше оставено писмо коешто ме освои и ми се допадна неговата семејна приказна“, раскажува Јаначковиќ за емисијата во продукција на „Слободен печат“.
Викторија по професија е стоматолог. Замина да живее во Англија, се разведе, па се врати дома и сега ужива во мајчинството. Во ова искрено интервју раскажува за сите предизвици да се биде родител во четириесеттите години од животот.