Во новата епизода на „Нешто конкретно“ гостува македонската пејачка Елена Ристеска.
Таа си ја отвори душата за повеќе приватни теми, а проговори и за тоа што очигледно публиката најмногу ја интересира-нејзиниот неуспешен брак.
„Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов“, вели таа во емисијата.
Она за што се’ уште одбива да зборува е дали во моментов има маж покрај себе.
„Порано гледав да е фраер. Сега барам нешто друго“, порачува низ насмевка и додава дека ако денес фати помладо момче, веднаш ќе ѝ залепат етикета: ‘Види ја бабава!’.
Освен за интимниот живот, во „Нешто конкретно“ зборува и за враќањето на сцената, откако на одреден период комплетно се повлече од музиката и му се посвети на приватниот бизнис.
„Сите очекуваа да мавтам со пензијата, а јас се појавив на Макфест и покажав дека не сум за во пензија“, порачува Ристеска.