Љупка Митрова кажа „ДА“. И тоа не било каде, туку во „вечниот град“.
Македонската инфлуенсерка и сопственичка на моден бренд самата се пофали на „Инстаграм“.
Митрова го покажа вереничкиот прстен и сподели неколку фотографии и видеа од романтичното патување во Рим.
Ова нема да биде прв брак за атрактивната струмичанка.
„Моментот кога решив да ставам крај на мојот брак, нели јас сум разведена жена како што знае струмичката јавност, и моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и имам две прекрасни ќерки, сум станала свесна дека сакам да почнам да се сакам себеси и да си бидам приоритет на самата себе и некој партнер, за среќа ете партнерот со кој што сум сега, ме сака таква каква што сум и ми дава само потпора и ми е поддршка“, изјави Митрова во октомври минатата година.