Неочекуван потег, македонскиот натпреварувач се повлече
Кристијан Марковски не се појави на сцената во последниот круг на „Ѕвездите на Гранд“.
Талентираниот 29-годишен пејач од Гевгелија требаше да настапи во дуел со Јелена, но тоа не се случи.
Неговиот ментор Ѓорѓе Давид ја откри причината.
„Се слушнавме. Кристијан не можеше да дојде, бидејќи има сериозни семејни проблеми.
Ќе ги потсетам луѓето дека тој е сериозен потенцијал и талент и се надевам дека ќе се врати во натпреварувањето кога ќе ги надмине проблемите. Засега, ниту ова шоу, ниту јас како ментор не можеме да сметаме на него“, објасни Ѓоле.