fbpx

Пецевски е пронајден мртов

Стојче Пецевски, исчезнатиот велешки пензиониран планинар, е пронајден мртов.

Тажната вест ја потврди Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.

„За жал, лицето е пронајдено починато. Немаме информации за причините на смртта. Откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР“, објави тој.

Потрагата официјално ја водеше МВР, а во текот на ноќта, покрај членови на семејството, во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели.

Станува збор за поранешен инженер кому планинарењето му беше хоби, а по него цел ден трагаше полицијата.

Пецевски беше пријавен за исчезнат вчера околу 10:50 часот во реонот на велешкиот рид Гроот.

Следни Објави

Страшни цени за Велигден во Грција: Еве колку ќе платите за смештај, а колку за гиро

Уште еден голем празник е пред нас, а тоа значи и уште еден продолжен викенд. Грција повторно ќе биде избор за многу македонски граѓани за време на Велигден, а едни српски блогери посетијаместо во близина на Солун кое исто така излегува на море и дознаа какви се цените. Она што […]