fbpx

Утре е Велика среда: Жени, никако не правете го ова

По влегувањето на Исус заедно со учениците во Ерусалим во пресрет на празникот Пасха, неговата популарност меѓу народот им пречела на властите и фарисеите и тие барале погодна можност да го фатат Исус и да го казнат.

Прилика им се укажала во средата кога еден ученик Исусов по име Јуда Искариотски дошол кај фарисеите и им понудил да го предаде Исус за 30 сребреници. Ова предавство ќе биде вовед во страданијата Христови.

Со Велика Среда се поврзани повеќе верувања и обичаи. На Велика Среда, навечер, се зачадувала стоката. Начадената стока се верувало е заштитена од болести и разни други несреќи.

Велика среда, односно средата пред Велигден жените не треба да работат женска работа.

Најстрого е забрането миењето на празорци, не треба да се исфрла ѓубрето од куќата бидејќи тоа носи несреќа во домот. Не се пере, не се шие, не се ткае.

Децата пак треба да наберат здравец, за да се здрави во текот на целата година.

Следни Објави

Македонската пејачка призна: „Ми донесоа иселеник од Австралија да ме мажат“

Пејачаката Марија Луиза гостуваше во последната епизода на шоуто „Нешто конкретно“. Таа. меѓу другото, сподели: „Моите ми донесоа иселеник од Австралија да ме мажат“ . „Јас дојдов во емисија да бидам убава, не паметна“, додаде Марија што во епизодата звучеше саркастично, но сепак болно точно за тоа како општеството ги гледа жените. А кога […]