fbpx

Моќта на првото вапсано јајце: Еве каде мора да го чувате!

Старите адети кажуваат дека в зори на Величетврток треба да се вапса барем едно црвено јајце. Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото е за бериќет и за стоката.

За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.

Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Величетврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите „црвено, бело, дебело“!

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нѐ потсетува на крвта христова и спасението.

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос – како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Следни Објави

Ова е најважното за Велики четврток: Вистинскиот верник има само една задача

Еден од најстарите обичаи за Велики четврток е прочистувањето со вода. Се верува дека бањањето на денешниот ден носи убавина и здравје. Денеска децата се бањаат, па дури и возрасните, за да бидат здрави и чисти во текот на целата година. Водата која се носела од бунарите или од изворите, […]