Елена Ристеска откри семејна тајна кога гостуваше во подкастот на јутјуберот Стефан Лазаров.
Популарната македонска пејачка искрено зборуваше на многу теми.
Првпат проговори за траумата во детството кога ќе ја киднапирале маж и жена кои подоцна биле фатени во Велес, а си ја отвори душата и за разводот со Бојан и зошто се разделиле.
Во текот на интервјуто таа се расплака кога водителот ја праша за починатиот татко.
„Работата го уништи. Работеше во Фершпед , а на крајот беше многу понижен“, призна Ристеска.
Пејачката конечно кажа и кои луѓе ѝ ги измислиле најголемите афери и тоа токму во периодот кога татко ѝ бил во болница борејќи се за живот. Откри дека едниот од нив е човек со кој соработувала, кој ѝ ги знаел слабите точки и кој ѝ должел пари.
