Нова жртва во кочанскиот пожар: Почивај во мир, Стојанче!

Тажна вест

Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година, денеска претпладне им подлегна на повредите, објави Министерството за здравство кој се лекуваше во Белград.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинска Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА е опериран на четврти април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Нека почива во мир!

Следни Објави

Се обрати мајката на Томас: Чедото ѝ загина во „Пулс“, имаше само 22 години

На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна.. Велигден е тука, но нашите деца ги нема.. Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја.. Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотуку родени дечиња.. […]