На 63-годишна возраст денеска почина реномираниот македонски композитор и продуцент Тоше Поп Симонов.
Тажната вест која ја сподели Валентино Скендеровски со огромна тага ја дочекаа познатите од македонската естрада.
Од авторот на многу домашни хитови се прости и музичарот Петар Георгиевски-Камиказа од групата „Меморија“.
„Денеска на ден Велигден почина музичкиот великан од нашата генерација, Тоше Поп Симонов. Остави музика и човештина за навек. Не’ задолжи сите кои соработувавме со него. Секогаш спремен да помогне, да се најде за се’ нешто, токму во правиот момент кога мислиш дека цел свет ти пропаднал. Тоше беше секогаш тука и невозможното го правеше возможно. Ти благодарам друже за се’! Последно се чувме пред некој ден и долго зборувавме за неговото здравје. Беше борец и познавач на невозможното кога беше медицината во прашање, поготово последниве неколку години, но срцето јуначко и големо како планина престана да чука денес напладне. Немам сили да пишувам повеќе, бидејќи секој збор што ќе го напишам е премал за се’ она што го направи за сите нас. Почивај во мир мајсторе над мајсторите и горе меѓу ѕвездите една беседа и песна да им направиш, за да можат и тие горе да те слават, како ние тука на земјата!!“, напиша Георгиевски на социјалните мрежи.
Освен со „Меморија“, Поп Симонов соработуваше со брјни изведувачи и групи од домашната свцена меѓу кои „Мизар“, Владо Јаневски, Дарио, „Силви бенд“, „Анастасија“, Дуле и Коки, „Куку леле“ и Верица Пандиловска.