Почина познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов.
Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели неговиот колега, продуцентот и автор Валентино Скендеровски.
„Почивај во мир, Тоше“, напиша тој под фотографијата што ја сподели.
Поп Симонов во својата плодна кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои се и Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица.
Нека почива во мир!
* Забрането копирање