fbpx

Утре е Светла среда, погледнете во небото: Еве што значи ако има облаци и дожд

Утре е Светла среда.

Постарите велат дека на овој ден треба да се погледне во небото.

Ако е ведро и sвездено, годината ќе биде плодна. Ако има облаци и дожд, нè чека година на недостиг и оскудација.

Овој обичај е поврзан и со мртвите. Ако некој од вашето семејство неодамна починал, треба да го погледнете небото вечерва – постои верување дека нивната sвезда ќе падне вечерва, по полноќ.

Светла среда во некои региони се нарекува и Гарава среда, а името се должи на стариот обичај што траел во некои делови до пред Втората светска војна. Имено, на овој ден, некогаш низ населбите се движела поворка во која само мажите кои не биле во брак до триесет години шетале околу местото во придружба на музичари и со себе влечеле трупец. Овој весел и живописен обичај ја симболизирал вербата на луѓето во потребата и значењето на бракот.

Следни Објави

„Цело време нè лажеле“: Се врати од мртвите, па опиша што има на 'другата страна'

Кејси Престон, докторка од Сакраменто, тврди дека успеала да се врати од мртвите. Повикувајќи се на констатацијата на нејзините колеги, таа објаснува дека цели 40 секунди била на „другата страна“. Кејси се враќала од работа кога, поминувајќи на пешачки, на една од најфрекфентните улици во градот ја удрил автомобил. Од […]