Игор Џамбазов се пошегува дека направил нешто ново и неочекувано.
Македонскиот актер и шоумен сношти во малата сала на Филхармонија низ насмевка призна дека првпат води козметички настан и порача дека никогаш не се знае каде ќе те одведе животот.
На истата манифестација тој конечно проговори и за љубвниот статус.
„Без жена сум три години, три месеци и два дена. Сега само гледам“, искоментира во свој стил Џамбазов, пишува „Смарт СДК“.
Последна негова врска за која јавноста беше добро информирана е онаа со нашата позната алпинистка Илина Арсова.

Џамбазов лани во едно интервју кажа дека разликата во години, но и различните животни амбиции биле пресудни за нивната разделба.