Четириесет дена по трагедијата во Кочани се огласи Ана Костадиновска, придружната вокалистка на „ДНК“ која го преживеа пожарот во дискотеката „Пулс“.
Ќерката на легендарниот македонски музичар и автор Кире Костов со макфестовскиот евергрин „Кога те нема“ им оддаде почит на загинатите колеги.
„40 дена тага, болка, празнина“, напиша таа.
Посебна објава Костадиновска ѝ посвети на својата најдобра другарка Сара Пројковска за која во повеќе наврати изјави дека ѝ е сродна душа.
„И те нема и секаде те има, неизбежно те има.. во себеси те носам!“, напиша таа под колажот заеднички фотографии.
Ана, фронтменот Владимир Блажев-Панчо и младиот гитарист и пејач Горан Тонев се единствените членови на ДНК кои се спасија кобната ноќ.