fbpx

Тоше Проески ја обожаваше: Долго чувана тајна за прерано починатата пејачка

Помина скоро една и пол деценија од смртта на пејачката Вера Нешиќ која по долга и тешка битка со болеста го напушти овој свет на само 51 година.

Нејзиниот сопруг Мики Нешиќ во една прилика конечно собра сили и откри непознати детали и анегдоти поврзани со приватниот живот, но и со кариерата на прерано починатата пејачка.

– Покоен Тоше Проески беше фасциниран од нејзиното интерпретирање на македонски песни. Во една прилика заедно гостуваа во емисија во живо со оркестарот на Љубиша Павковиќ. Вера сакаше да ја отпее „Зајди, зајди“, дури беше и на проба со оркестарот. После триесетина минути на пробата се појави и Тоше со желба да ја отпее истата песна не знаејќи дека Вера веќе ја одбрала. Кога ја слушна, веднаш посака да отпее друг рефрен, но Вера која беше голем човек и колега, сепак нему му ја препушти таа задача – раскажа Мики.

Вера Нешиќ публиката најмногу ја памети по нумерата „А где смо ја и ти“ која ја сними во 80-те години на минатиот век.

Малкумина знаат дека токму таа ги пее придружните вокали на првиот албум на Цеца Ражњатовиќ.

Пред неколку години на музичката сцена дебитираше и нејзината ќерка Емилија која се натпреваруваше во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Следни Објави

„Туѓа си бескрајно“ крие голема тајна: Вистината за песната без која не поминува свадба

Можеби требаше на мојот народ да му подарам уште некој хит. Но, никогаш не е доцна. Секогаш подарувам нови песни, нека слушаат и уживаат, порача Ефто во едно ТВ-гостување  Ефто Пупиноски е еден од доајените на новосоздадената македонска народна песна кој речиси половина век е активен на естрадата. Пупиноски пред […]