На 38-годишна возраст почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи.
Причината за смртта е срцев удар, објавија српските медиуми.
На почетокот на својата кариера, Лабовиќ важеше за еден од најголемите таленти во српската кошарка. Својата најдобра форма ја прикажа во редовите на ФМП. Во 2007 година беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на Купот на Србија, а две години подоцна стана и најдобар стрелец во АБА-лигата. За жал, не успеа да го искористи сиот свој потенцијал.
Освен за Карпош Соколи, играше и за грчкиот клуб Арис, Скајлајнерс во Франфурт и за рускиот клуб Нижњи Новгород.
Последните години од животот му беа тешки. Поради сериозни ментални проблеми беше сместен во психијатриска болница откако ја нападна сопствената сестра.

