Ја отпеа „најубавата песна“ на „Фолк фест Валандово“: Колегите се простуваат од Стевче

Почина Стевче Глигоровски.

Македонската јавност најмногу го препознава по нумерата „Песно убава“ која во 1992 година ја отпеа на „Фолк фест Валандово“, а неговите охриѓани ќе го паметат и како угостител.

Тажната вест на социјалните мрежи ја сподели Милчо Јовановски.

„Познанството и пријателството со него, иако не се гледавме често, ни траеше над 40 години. Секогаш ведар, пресретлив и насмеан. Замина во вечноста на 64 годишна возраст“, напиша, меѓу другото, тој на „Фејсбук“.

Нека почива во мир!

Сочувство до семејството!

Следни Објави

Семејството тврди дека Мартина барала помош во болницата, но никој не ја задржал

Починала во агонија Мартина Писера (32) почина минатата недела во болница, само неколку минути откако дознала дека бебето во стомакот ѝ починало. Семејството тврди дека во претходните два месеци таа најмалку осум пати ја посетила болницата Јазолино во Вибо Валентиа, Италија, поради болки во градите и абдоменот, но никогаш не […]