Зорица Матијашиќ која на јавноста ѝ е позната како Зои Блаж стана мајка. Поранешната македонска пејачка, а сега шминкерка и инфлуенсерка, го доби своето прво дете со ракометарот Тадеј Матијашиќ.
И двајцата ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.
„Здраво свету, јас сум Мариа Матијашич. Фала ти ќерко што нè одбра да бидеме твои родители. Мама, тато и Хајди (нивниот миленик н.з.) ќе те чуваат и сакаат најмногу на свет“, напишаа новопоечените родители.

Поради работните ангажмани на сопругот, двојката подолго време живее во Германија.
„Ми недостасуваат моите, внук ми, другарките и храната. Гледаме еднаш до двапати годишно да доаѓаме во Македонија“, изјави Блаж неодамна.

Пеењето беше нејзина прва љубов, има и формално музичко образование, но како што кажа во една прилика го надраснала сето тоа.
„Јас сум човек што сака да истражува, да менува работа, но да е поврзано со уметност. Сега си пеам за душа и за пријателите и тоа многу ме прави среќна“, изјави таа во постаро интервју.

