Се омажи млада, па го изгуби таткото на нејзините деца: И вториот партнер ѝ почина

Таа ја има титулата најубава насмевка во Југославија од 1972 година. Носителка е на титулата „Мавровска убавица“ и прва придружничка на „Мис Југославија“. Пејачка и водителка, а денес гордо ја носи титулата баба на пет внучиња.

Вака Вики Среброва беше најавена во една прилика во популарното шоу „Нешто конкретно“.

А, токму во оваа емисија таа сподели интересни моменти од нејзиниот живот зборувајќи за сите предрасуди во ова наше општество со кои се соочила, се разбира како што само таа тоа го умее-низ насмевка. Наместо поддршка, во најтешките периоди се соочувала со потсмев и осуда.

„Јас не го изгубив само таткото на моите деца, јас го изгубив и вториот партнер. Но, за жал, тоа се случуваше после разводите, а не како што пишуваа таблоидите дека јас сум ги умрела. Замислете кој проблем го имам сега.. Ете двајца умрела, сега и третиот сака.. Затоа сум малку повлечена и се насочив кон моите деца.. Дај Боже да се појави и третиот.. може ќе биде среќен, може нема да умре.. Од кај знаеш, трета среќа“, во свој стил се пошегува пејачката.

„Ми треба партнер, сега на овие години најмногу ми треба друштво“, порача таа во истата емисија.

Следни Објави

Возел непрописно, ја удрил со кола и побегнал: Маја се справува со повредите

Маја Кикириткова Трајковски се пожали дека несовесен возач ја удрил и избегал, па сега се соочува со последици по здравјето. Модната дизајнерка која ужива голема популарност на „Инстаграм“ раскажа како се чувствува по немилиот настан. „Правев магнетна резонанца, имам оштетување на некои пршлени. Морам да носам шанцова тврда кравата, примам терапија […]