Возел непрописно, ја удрил со кола и побегнал: Маја се справува со повредите

Маја Кикириткова Трајковски се пожали дека несовесен возач ја удрил и избегал, па сега се соочува со последици по здравјето.

Модната дизајнерка која ужива голема популарност на „Инстаграм“ раскажа како се чувствува по немилиот настан.

„Правев магнетна резонанца, имам оштетување на некои пршлени. Морам да носам шанцова тврда кравата, примам терапија и верувајте навистина не е пријатно вака постојано да сум дома. Фала ви уште еднаш за секоја убава мисла, совет“, пишува, меѓу другото, Кикириткова на социјалните мрежи.

Таа открива дека веќе била на невролог и трауматолог и дека од ударот има диксус хернија на 5 и 6 пршлен.

„Одмарање 2-3 недели и потоа на физикална. Ако има некој со овој проблем, слободно може да сподели искуство“, порачува таа.

Следни Објави

Верица во Скопје имала 200 евра плата: Сега за истата работа зема 4.000 евра месечно

Верица, 34-годишна медицинска сестра од Македонија, веќе седум години работи во Германија. Таа го напуштила македонското здравство во 2018 година, крајно незадоволна од условите. „По средното школо веднаш се вработив во скопските клиники, но само со договор на дело. Тоа траеше со години, а платата беше мизерна, земав 200 евра […]