(ФОТО) По цели два месеца конечно се огласи преживеаниот член на „ДНК“

По цели два месеца од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на социјалните мрежи конечно се огласи Горан Тонев.

Младиот гитарист и пејач кој заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска се единствените преживеани членови на „ДНК“ во несреќата, сподели фотографија на „Фејсбук“ од болницата.

„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија.

Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев во емотивното обраќање.

Следни Објави

Кафе, крофна и лежалка за 5 евра: Македонците ја окупираат, оваа плажа е најевтина во Грција

И оваа година Грција ќе биде топ-дестинација каде што многумина од нас ќе го поминат годишниот одмор. Сите зборуваат за покачените цени на лежалките, на храната и на пијалоците, па внимателно се планира буџетот пред да се замине на избраното туристичко место. Една понуда особено ги заинтригира нашите граѓани, а […]