Дефинитивно едно од најхитовските изданија на „Евросонг“ е она што се одржа во 2004 година во Истанбул.
Сите добро се сеќаваме на едно од најхитовските изданија кога победи Руслана, а македонски претставник беше Тоше Проески.
Токму таа 2004 година во Турција настапи и Сакис Рувас, грчкиот претставник кој го отпеа заразниот рефрен Shake It, а Македонките преку ноќ се вљубија во него.
Сакис заврши на третата позиција и постигна огромна популарност ширум Европа, а 21 година подоцна и понатаму е топ-тема во медиумите.

Во тој период често ја доведуваа во прашање неговата сексуална определба тврдејќи дека е геј.
Тие приказни може да се слушнат и денес, иако пејачот во меѓувреме доби четири деца од бракот со манекенката Катја Зигулис.


Рувас денеска не се занимава исклучиво со музика. Се опроба и како актер, но и како угостител. За жал, неговиот суши-ресторан пред десет години изгоре во пожар.

Сакис неколку сезони беше член на жирито во грчкиот „Икс фактор#.

