Кафе, крофна и лежалка за 5 евра: Македонците ја окупираат, оваа плажа е најевтина во Грција

И оваа година Грција ќе биде топ-дестинација каде што многумина од нас ќе го поминат годишниот одмор.

Сите зборуваат за покачените цени на лежалките, на храната и на пијалоците, па внимателно се планира буџетот пред да се замине на избраното туристичко место.

Една понуда особено ги заинтригира нашите граѓани, а истата се однесува на Неи Пори, едно од најпопуларните летувалишта кај нашиот јужен сосед, сместен под планината Олимп и одалечен околу 160 километри од нашата граница.

Овде чадор, лежалка, кафе, крофна и шише вода ќе ве чинат само пет евра. Оние што бараат влакно во јајцето велат дека цената е ревидирана во однос на минатата сезона, но 50 центи не е ништо во споредба со поскапувањата на сите други места.

„Колку за споредба, во Лептокарија за две кафиња ќе платите 10 евра, а за тие пари ќе добиете гратис вода и лежалки кои смеете да ги користите само три часа“, коментира еден српски турист на социјалните мрежи.

Следни Објави

Мислеа дека е геј, а тој ги полуде Македонките по „Евровизија“: Денес изгледа уште подобро

Дефинитивно едно од најхитовските изданија на „Евросонг“ е она што се одржа во 2004 година во Истанбул. Сите добро се сеќаваме на едно од најхитовските изданија кога победи Руслана, а македонски претставник беше Тоше Проески. Токму таа 2004 година во Турција настапи и Сакис Рувас, грчкиот претставник кој го отпеа […]