Татко ѝ ја силува, брат ѝ загина, сестрите ѝ починаа: Животот ѝ беше пекол, прерано почина

Во август ќе се навршат три години од смртта на холивудската актерка Ен Хеч која настрада во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил удри во гаража на станбен комплекс во Лос Анџелес.

Актерката која почина на само 53 години, имаше бурно минато. Подеднакво интересен за жолтиот печат беше и нејзиниот љубовен живот и семејните трауми за кои отворено зборуваше.

На крајот од деведесеттите стана топ-тема во медиумите поради врската со водителката Елен Деџенерис. Двојката во една прилика откри дека планирале и венчавка кога хомосексуланите бракови ќе станат легални во Вермонт, но љубовта пропадна.

Ен подоцна им се врати на мажите, па дури и се омажи за снимателот Колман Лафун. Од него се разведе во 2007 година, а веќе во декември следната година актерката откри дека е бремена од колегата Џејмс Тапер со кого играше во филмот Men in Trees.

Животот на 53-годишната актерка го одбележаа и неколку семејни трагедии. Имаше четири браќа и сестри, а тројца од нив починаа. Сестра ѝ Сузан почина од тумор на мозокот, а сестра ѝ Синтија починала уште како бебе откако била родена со срцева аномалија. Нејзиниот брат Нејтан, исто како и неа, загина во тешка сообраќајна несреќа уште додека бил средношколец.

Ен во неколку наврати тврдеше дека татко ѝ се*суално ја злоставувал, а дека нејзината мајка ништо не преземала по тој повод и одбивала да ја заштити. Скандалозните обвинувања кон родителите ги изнесе во своите мемоари Call Me Crazy од 2001 година.

Меѓу другото, таа откри дека како бебе имала генитален херпес, но дека мајка ѝ одбивала да ја однесе на лекар тврдејќи дека се работи за иритација од пелените.

Ен Хеч глумеше во многу познати филмови како „Шест дена, седум ноќи“, „Знам што правевте минатото лето“ и „Дони Браско“.

Следни Објави

„Појадокот дајте му го на непријателот“: Шокантно тврдење на руски доктор

Ако имате можност, вежбајте пред спиење, доволни се и само неколку склекови и стомачни. Луѓето кои живеат вака, живеат многу подолго и стареат здраво. Ова го тврди славниот руски кардиохирург Лео Бокерија кој комплетно ја отфрла идејата за традиционален режим на исхрана. Овој совет на д-р Бокерија беше одобрен и […]