Астрологот Ангела Перл истакнува дека мај ќе биде период на големи пресврти и трансформации за еден знак. Среќниците за кои зборува се Близнаците.
Според неа, картичката Суд укажува на важна вест или настан што целосно ќе им го промени животот.
„Можеби веќе долго време планирате некој важен чекор – сега е идеално време да го реализирате. Промените можат да влијаат и на личниот живот, каде односите се движат на повисоко ниво. Дополнително, картата на смртта симболично го потврдува крајот на едно животно поглавје и почеток на ново. Стариот живот умира, се раѓа нов“, истакнува Ангела.
Нема да заостанат ниту финансиите. Картите Ас Пентакл и Десетка Пентакл најавуваат добивки, купување на недвижен имот или автомобил. Овие картички поттикнуваат да зачекорите во нова деловна насока која може да донесе сериозен профит – не само за вас, туку и за целото семејство, советува таа.
Сепак, Седмицата со мечовите носи и предупредување – некој или нешто може одеднаш да исчезне од вашиот живот. Сепак, не треба да се очајува: кога нешто старо си оди, доаѓа нешто ново. Совет е да бидете подготвени и отворени за ненадејни загуби.
Мај ќе биде поволен и за духовен развој. Картата на Умереност носи внатрешен мир, хармонија и можност за забавување и уживање во секој момент. Оваа картичка, исто така, укажува на лични ограничувања – идеално време за пост, тишина, медитација и самодисциплина.

