Жените што му ја навредија сопругата ги нарече женска верзија на Шрек

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта одлучија да ја раскажат нивната љубовна приказна за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Дел од интервјуто е споделено и на социјалните мрежи под кое се редат различни коментари.

Популарниот јутјубер очигледно незадоволен од реакциите на поедини личности се обрати со свое видување, а ние ви го пренесуваме интегрално.

„Ги читам коментарите на видеото со Марта на Backstage и жена во години на профилна со две внучиња пишала “колку е грда оваа Марта”, друг човек пишал “Да не беше Стефан келнерка ќе беше”, друг коментар “Стефан умри северџан” и што уште не.

Притоа луѓе што не не познаваат , освен тоа што не гледаат на социјални мрежи. Нема нешто победно од тоа жени да коментираат други жени за изглед, а притоа изгледаат како женска верзија на Шрек… Бараме решение за системот, не бе другари треба решение за себе да побарате. Никој не ве оправа. Ај убав ден“.

Следни Објави

Беше најзгодна Македонка во „Ѕвездите на Гранд“: Сега изгледа сосема поинаку

На Андријана Петрушовска, македонската пејачка која го освои третото место во „Ѕвездите на Гранд“, по учеството во регионалниот ТВ-формат ѝ се случија повеќе убави работи на професионален план. Минатата година во Драчево го одржа својот прв голем солистички концерт. Како специјален гостин таа ноќ се појави Александар Јосифовски кој се прослави […]