Никола Мишковски, готвачот кој секој работен ден го гледаме на телевизија Сител, направи драстична промена во својот живот.
Популарниот шеф од кулинарското шоу „Брза кујна“ одлучи конечно да се ослободи од вишокот килограми, а резултатите се неверојатни.
„Секоја капка пот е чекор поблиску до целта. Пред неколку месеци бев друг човек – истото тело, но без енергија, без сила, без самодоверба. Денес, не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот. Тешко е, да – ама секој ден што ќе се појавиш, секој тренинг, секој избор што го правиш… те гради. Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе.
И уште не сум завршил. Дури сега започнувам“, напиша тој под видеото кое го сподели на „Инстаграм“.
За овој потег доби огромна поддршка и од колешката Сања Савеска.

„Пронајди ја разликата“, напиша водителката.

