Во неполна година ѝ починаа и братот и сопругот: Македонската пејачка за трагедијата

Музички камбек годинава имаше Жаклина Узунова на новосоздадениот фестивал во Владимирово.

Таа по долга пауза летово се појави на сцената и настапи со баладата ,,Засекогаш” која крие лична емотивна приказна.

„Му спомнав на Горан (Алачки н.з.) дека имам една композиција која Јанко 2014 година ја посвети и напиша за мојот прерано починат брат и почнавме да ја снимаме, но бидејќи мене болката ми беше многу свежа, а текстот вистинска приказна за љубовта помеѓу братот и сестрата, солзите не престануваа да течат и едноставно не можев да снимам од тага.. Се договоривме со Јанко да заминеме за Берово и малку да се одмориме во Дојран, па кога ќе вратиме ќе ја снимиме.. Но, како едната болка да не беше доволна и мојот Јанко си замина“, откри македонската пејачка за „Фокус“.

Песната останала неиспеана цела една деценија, а, како што кажа таа, благодарение на маестро Горан Алачки конечно ја виде светлината на денот со нов аранжман.

Нејзиниот славен сопруг, докажаниот македонскиот естраден уметник и пејач на народни, поп и забавни мелодии Јанко Узунов, почина ненадејно на 24 август 2014 година.

Следни Објави

Пред 5 години ја одбра Марија, сега со друга жена атакува на победа: Македонија горда!

Македонецот Никола Станишиќ освои максимален број гласови во последното издание на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Кеба не штедеше пофални зборови за неговата интерпретација. -Пред се’ сакам да ја поздравам легендата Наум Петрески кој сигурно се гордее како ја отпеа „Птицо бела“-искоментира тој. И Ѓорѓе Давид беше воодушевен од настапот на […]