Каролина Гочева гостуваше во Србија за да го промовира актуелниот сингл „Мог живота дио“.
Гостуваше во неколку емисии, а во една од нив искрено проговори за бракот.
Раскажа дека осум години е во стабилен брак и дека речиси една деценија е заедно со сопругот, уметникот Михаил Корубин.
Во истото интервју призна дека никогаш не посакувала да се омажи само затоа што дошло време.

„Кога ја поминав 30-тата сфатив дека немам порив да бидам во брак. Иако секогаш имав долги врски, си ветив дека нема да го направам тоа ради реда, за да престанат да ме прашуваат. Ако дојде време, ќе дојде“, кажа таа во шоуто „Спика и прилика“ во кое гостуваше заедно со колегите Бојан Маровиќ и Наташа Михајловиќ од женскиот бенд „Фрајле“.

