Немала односи со сопругот 10 години: Причината ги изненади сите

Кога ќе се случи измама во бракот, дали веднаш треба да се напушти партнерот и да се побара развод, се запрашала оваа жена која има 42 години. Таа побарала совет од психологот на весникот „Сан“

Една жена која сакала да остане анонимна рекла дека му простила на сопругот што имал афера со друга жена пред 10 години. Единствената причина поради која му простила биле децата, но тој тоа не го знае, па мисли дека таа го сака и дека работите можеле да се поправат.

„Направив се’ за него, дури и се грижев за неговите два сина од првиот брак. Изневерувањето го простив само поради децата, но веќе 10 години не сме биле интимни. Тој постојано зборува за тоа, ме допира, покажувам интерес, но едноставно не можам да се опуштам“, пишува таа.

„Повеќе не ме привлекува поради тоа што го направи“, му напишала жената на психологот на весникот.

Експертот прво прашал што добила оваа жена од бракот.

„Тој не требало да изневерува, нема оправдување за тоа, но што сè уште правиш во тој брак? Не го привлекуваш, но дали чувствуваш дека го сакаш? Ако одговорот е потврден, тогаш вреди да се бориш“, ѝ одговорил тој.

„Најдете момент и кажете му дека не сте среќни и дека би било добро заедно да посетите брачен советник“, дополнил психологот.

Следни Објави

Имате пожолтени перници? Стар трик на баба Маре ги остранува флеките за миг

Сите сакаме перниците да ни бидат чисти и снежно бели. Во лето особено многу се валкаат и на нив остануваат жолти дамки кои со текот на времето потемнуваат, а често во нив се создаваат и грини. Еве како да ги направите снежно бели. „Рецептот“ на баба Маре масовно се споделува. […]