Најважно е ракот да се открие навреме, затоа многубројните превентивни прегледи се од пресудно значење. Меѓутоа, луѓето често игнорираат одредени симптоми, бидејќи изгледаат безопасно, поради што секогаш треба да внимавате на се’
Неодамна на социјалната мрежа Тик Ток дерматологот Шерен Идрис покажа дека кога станува збор за ракот на кожата, многумина потценуваат еден индикатор, а тоа се мозолчињата.
„Ракот на кожата често може да се помеша со мозолчиња. Меланомот е најсмртоносната форма на рак на кожата и повеќе луѓе се дијагностицирани со рак на кожата отколку сите други видови на канцер заедно“, вели таа.
Затоа е толку важно да ја проверите вашата кожа. Раното откривање и лекување се клучни за спречување на ширењето на карцином на базалните клетки, напиша таа во описот на нејзиното видео.
На снимката таа објаснува дека е навистина страшно што безопасно мозолче всушност може да сугерира рак, а покажа и фотографија и објасни дека се работи за карцином на базалните клетки, што укажува на најчестиот тип на рак на кожата.
Овие клетки се појавуваат токму во форма на мозолче, а се разликуваат по тоа што се сјајни и имаат мали испукани капилари. Сепак, тие често тешко се разликуваат и може да се манифестираат на различни начини, како што е кафеав пигмент во самата клетка, кој може да се помеша со бенка.
Затоа, нагласува таа, важно е секоја година да се проверува кожата и да се оди на превентивни прегледи.

