Џејсон Толсон (30) починал пред една година, а непосредно пред смртта се жалел на болки во мускулите, опаѓање на косата, на болки во зглобовите и брзо губење килограми.
Нему му бил дијагностициран Анти-МДА5 дерматомиозитис-автоимуна белодробна болест. Неговото семејство донело одлука да ги исклучи машините што го одржувале во живот.
Првпат почнал да се чувствува лошо во мај пред две години, а лекарите на крајот направиле тестови откако му се појавиле рани на телото. Неколку пати одел на скенер и на магнетна резонанца, а лекарите претпоставувале дека има рак.
Откако бил примен во болницата Понтефракт, на семејството на Џејсон му било кажано дека не е болен.
„Беше такво олеснување кога ни рекоа дека не е рак. Помисливме: ‘Супер, тоа е тоа, сега ќе биде подобро’. Но, Џејсон по неколку дена повторно го однесовме в болницата поради стравувањата дека може да има проблеми со имунолошкиот систем“, раскажува неговата баба.
Откако по вторпат бил хоспитализиран, тие сфатиле дека нешто, сепак, не е во ред и тогаш му била постваена точната дијагноза.
Болеста е толку ретка и го зема својот данок толку брзо што се’ уште не е пронајден лек.
„Тоа е игра на обиди и грешки“. На Џејсон му беа дадени 16 различни лекови и стероиди со цел да се спречи состојбата која го напаѓа имунолошки систем. Исто така, имаше 12 размени на плазма и два круга хемотерапија, но ни беше кажано дека нема да преживее“, открива таа.
Семејството одлучи за трагедијата да говори јавно со цел да се подигне свеста кај луѓето за оваа немилосрдна болест за која малку се зборува во медиумите.

