Смртта на Андреј Ѓорѓиески, главниот вокал на дуото „ДНК“, длабоко го потресе познатиот македонски пејач Наум Петрески.
Беа големи другари и често го поминуваа слободното време заедно.
„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиша Петрески на социјалните мрежи по трагедијата во Кочани.

Тој сега првпат застана пред камера и проговори за нивниот однос.
„Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав. Не беше корпулентен и висок, но имаше лавовско срце и не се повлекуваше пред никого и немаше страв од никого. Толку бевме блиски што ме викаше тате, како син си го сакав. Планови имавме ние, требаше уште многу работи да правиме заедно“, раскажува Наум за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Целото интервју ќе се емитува во понеделник.

