Се огласи сопругата на загинатиот Андреј од „ДНК“: Ова е нејзиното барање

Наталија Ѓорѓиеска која во пожарот во Кочани го загуби својот сопруг, познатиот пејач на „ДНК“, се огласи на социјалните мрежи со јасна порака.

Таа бара неселективна правда за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загина и Андреј.

„Бараме неселективна правда. Без калкулации, без привилегирани и без заборавени. Ако не ја добиеме – ќе зборуваме погласно. И ќе не’ има се повеќе. Ако институциите не покажат дека можат и сакаат да ја спроведат правдата подеднакво за сите – тогаш допрва ќе бараме одговорност. И оставки“, напиша Ѓорѓиеска на „Фејсбук“.

Откако непосредно по трагичниот настан ги пренесе трогателните зборови на нивната десетгодишна ќерка Јана, таа повремено споделува фотографии ја од загинатиот сопруг Андреј на „Инстаграм“.

Ѓорѓиеска првпат се огласи во јавноста веднаш по трагедијата, како што напиша тогаш, поради нехуманиот однос на медиумите и државните институции. Уште тогаш порача дека се надева оти за несреќата ќе одговараат вистинските луѓе.

Следни Објави

Верица тргнала лабаво за Грција: Објави список со работи што ги купила таму, ќе се изненадите

Пред да заминеме на одмор во Грција секогаш се двоумиме што да понесеме. На крај, многу често се случува да го заборавиме она најважното-костим за капење, крпа и пешкир за плажа или апостолки.. Во слична ситуација се нашла и Верица Спасиќ, но на крајот сфатила дека непотребно се изнервирала. „Доцна […]