Огромна тага! Утрово ненадејно почина познатиот македонски спортски работник

На 61-годишна возраст утрово ненадејно почина Јованчо Пилешков, познат спортски фудбалски работник.

Низ својот професионален ангажман вршеше повеќе важни и значајни функции.

Пилешков беше фудбалски судија, делегат, а ја извршуваше и функцијата секретар на ФК Кожуф од Гевгелија.

„Одличен познавач на македонскиот фудбал, кој остава голема и длабока трага во мак-фудбалот со неговото големо искуство. Македонскиот фудбал загуби голем спортски работник со големо срце и душа. Тој е татко на судијата Димитар Пилешков“, информира локалниот ТВ-канал „Мнет“.

Следни Објави

Исповед на Милена: Сопругот ми почина, а јас сум интимна со друг, фамилијата сака да ме убие

Колку време е потребно за една вдовица да престане да жали и да продолжи со животот, се прашува таа „Сопругот замина на работа, а оттаму ми јавија дека починал. Едноставно паднал и престанал да дише. Што да правам, со мало дете останав сама, и наместо таа трагедија да е доволна, […]